Гордиан Системи

Гордиан Системи е компанија за специјализирани информатички услуги и продукти лоцирана во Скопје, Македонија со фокус на услуги во Северна Америка.

  • Интернет Комуникации – Користиме современи канали за комуникација и интегрирање на нашите системи.
  • Техничка Поддршка – Квалитетна и современа техничка поддршка, интегрирана според потребите на нашите клиенти.
  • Модерен Дизајн – Дизајнот на нашите производи ги следи светските трендови, пристапни решенија и технологии.
  • Паметни Решенија – КЕРИ, услуга која овозможува следење и анализа на активностите на луѓе на кои што им е потребна грижа.

Пекабеско АД Скопје

Пекабеско е компанија која има повеќе од 35 годишна традиција, а е формирана во далечната 1979 година.

Своите корени ги влече од преставништвото на тогаш најголемиот Земјоделски комбинат ПКБ Белград кое е отворено во 1972 год. Во 1991 година ПКБ-Скопје станува една од првите целосно приватизирани компании во Македонија. Основната дејност на компанијата е производство на сувомесни производи и дистрибуција на храна и цигари. Во 1998 година започна со производство на сувомеснати производи под брендот Пекабеско. Денес, палетата на сувомеснати производи опфаќа најразлични видови трајни, димени и полутрајни производи.

Пекабеско АД. располага со човечки ресурси, технологија, инфраструктура и опрема кои му овозможуваат да заземе едно од водечките места во производствената и дистрибутивната дејност во Македонија. Најдобар показател за успехот во оваа сфера е довербата која многу познати регионални и светски компании и брендови ја даваат на Пекабеско со што секојдневно се врши дистрибуција и продажба на повеќе од 400 различни производи на домашниот и регионалниот пазар.

One-Inside

One-Inside е софтверска компанија со локации во Швајцарија, Германија и Македонија. Во One-Inside сме посветени на развој на квалитетни и иновативни web, cross-platform mobile и browser Virtual Reality апликации. Работиме со web технологии: JavaEE, Adobe AEM, Node.js, Angular, HTML5/CSS3, Three.js, и многу други. Тимската кохезија е многу битен елемент во нашата работа. Организираме заеднички тим билдинг активности за колегите од сите три локации. Во One-Inside веруваме во соработка и добар тимски дух меѓу нашите млади и амбициозни вработени

Кнауф

Кнауф во Македонија е основан во јуни 1994 година како комерцијално-техничка канцеларија надлежна за македонскиот пазар. Во 1997 г. Кнауф откупува акции во фабриката Радика во Дебар и започнува со изградба нова модерна и моќна фабрика.

Ние создаваме вредности во градежништвото со помош на системите за сува градба и системите за малтери – за денес и за иднината. Нашите решенија го поедноставуваат планирањето и градбата и поттикнуваат задоволство на човекот. Континуирано се ангажираме за подобрување на нашите системи и воведуваме иновации на пазарот. Ние создаваме пазар и тежнееме за глобален раст. Ние сме авангарда за производство и процеси, за со цел да осигуруваме долгорочно постење на фабриката Кнауф.

Посебна важност и придаваме на комуникацијата, чесноста и отвореноста во работењето со клиентите, јавноста, како и на вработените.